Она што се претпоставуваше денес и се реализираше.

На 4-тата седница на Советот на Општина Кочани на дневниот ред имаше поставено 58 (педесет и осум) точки. Се очекуваше расправа по поголемиот дел од нив на двете спротивставени пратенички групи во Советот.

За жал до расправа не дојде бидејќи советниците од опозицијата ја напуштија седницата.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ и на коалиционите партнери Лазо Митев бараше точките од дневниот ред кои предвидуваа разрешување и именување на нови членови во Управните одбори во училиштата, библиотеката и КЈП „Водовод“ да бидат повлечени бидејќи тоа се косело со законските прописи.

Советникот Ѓорги Алексов појасни дека се е во законските рамки и поради лошото менаџирање во изминатиот период на одредените установи за што припомогнале и Управните одбори мора да дојде до промената.

Со осум гласа „ЗА“,  десет „ПРОТИВ“ и еден воздржан, не беше прифатен предлогот на опозицијата по што Координаторот Лазо Митев соопшти дека поради не прифаќање на нивниот предлог тие нема да учествуваат во расправата на денешната седница и дека истата ќе ја напуштат, што веднаш и го направија.

Вакви и слични потези имало и во претходните Совети, па ваквата одлука на сегашната опозиција и не беше кој знае како трагично сфатена.

По напуштањето на седницата од страна на опозицијата Советот продолжи со работата до 17:00 часот.

С. Ивановски

DSCN8461

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари