Во Сабота со почеток во 18:00 часот во малата сала од источната страна на центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, КПС „Москито“ од Кочани организира хуманитарна видео проекција.

Со ова членовите на „Москито“ се приклучуваат кон хуманитарните активности за собирање на средства за лекување на лица кои имаат потреба од оперативни зафати надвор од државата.

Хуманитарната видео проекција е всушност снимен материјал за време на искачувањето на нивни членови на врвот „Мон Блан“ што се реализираше во средината на месец Август оваа година.

Како што истакнуваат од КПС „Москито“ собраните средства од влезниците и донациите ќе бидат наменети за лекување на младиот Борче Јовановски кој мора битно да замине на трансплантација на коскена срцевина на клиника во Италија.

Сумата потребна за оперативниот зафат изнесува 127.000 евра, средства кои неговото семејство не е во состојба да ги обезбеди и затоа апелираат за помош.

С. Ивановски

https://www.dropbox.com/s/o1sejsdyjy93wqt/Monblan%20-%20Highlights.m4v?dl=0

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари