ДВЕ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА

Во Спорт
ноември 4, 2023
1 минути

На вториот Меѓународен турнир „Куп Неврокоп“ што денес се одржа во Гоце Делчев (Бугарија) борачите на „Спартак“ освоија две  медали, од кои еден златен и еден бронзен.

На турнирот годинава се појавија околу 300 борачи од Украина, Молдавија, Латвија, Грција, Белгија, Турција, Романија, Македонија (три клуба) и повеќе клубови од домаќинот Бугарија.

Боречкиот клуб „Спартак“ од Кочани учествуваше со шест борачи.

Златниот медал го освои Даријан Павлев, категорија до 62 килограми генерација 2009 – 2010 година, а додека бронзениот и припадна на Славица Митева во категоријата до 46 килограми, генерација 2009-2011 година.

Павел Темелков во категоријата до 68 килограми, генерација 2009-2010 оствари една победа и еден пораз, а на турнирот настапија и Стојана Митева, Лазар Ангелов и Иле Иванов кои овој пат не забележаа ниту една победа.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ