На средбата на новинарите од ЗНМ на Истокот која денес се одржа во Ресторан „Аква“ во Кочани беа номинирани и одредени добитниците на признанијата „Најдоброто од Истокот 2017“.

Годинава новинарите гласаа и ги одредија добитниците на признанијата во 11 категории:

„Посебната награда“ за Безбедноста во работата годинава е доделена на Рудници „Саса“ од Македонска Каменица.

Во категоријата „Економија“ признанието ќе оди во рацете на Компанијата „Тондах“ од Виница, за „За животна средина“ кај „Еко-Пак Хит“ од Кочани. Во областа на „Спортот“ признанието ќе му биде врачено на Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов,  од „Здравството“ на д-р Гоце Стоименовски вработен во „Брза помош“ од Делчево,инаку активист во НВО секторот, а од „Образованието“ на Кирил Барбареев од Штип.

Од областа на „Нивинарството“ признанието завршува кај електронскиот портал „Komarec.com.mk“ од Кочани, од „Туризмот“ кај Гео Парк „Лесново“ од Пробиштип, од „Културата“ кај „Ин Виница веритас“ од Виница, од „Невладиниот сектор“ кај „Амброзија“ од Пехчево, а за „Иновации“ кај учениците од Гимназијата „Славчо Стоименски“ од Штип.

Признанијата официјално ќе бидат доделени на почетокот на следната година.

С. Ивановски

DSCN8487

DSCN8485

DSCN8490

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари