На 16.12.2017 година околу 23:40 часот на паркингот од ул. „Ѓорги Сугаре“ во Скопје, од засега непознати причини, целосно било опожарено патничко возило „Пежо 405“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ. .
Со пожарот биле зафатени и надворешниот ѕид и клима уред од една продавница.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.