ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ МЛАДИНСКИ КОНКУРС ЗА СЛИКАЊЕ НА КИНЕСКАТА ОПШТИНА ВУШИ

ноември 6, 2023
0 минути

Денеска, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени наградите на ученици чии творби беа избрани за најуспешни на Меѓународниот младински конкурс за сликање што го распиша кинеската општина Вуши.


На конкурсот од 2022 година на темата „Зелен развој за зелена иднина“, од пријавените 43 ученици од Кочани, првата награда ја доби Стефанија Атанасова, ученичка од ОУ „Малина Попиванова“.


Втори и трети награди добија уште 13 ученици, а благодарници за учество и традиционални кинески сувенири – сите учесници на конкурсот.


Учеството на младинскиот конкурс за сликање, трета година по ред, го координира Александра Димитрова од Училиштето за сликање и цртање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани.


Оваа културна соработка меѓу Кочани и Вуши им дава континуитет на релациите меѓу општините збратимени од 2016 година.


Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ