Во организација на „Банката за храна Македонија“ а со техничка помош на „Шампињони КИС“ – Кочани, „Еко-Пак Хит“ – Кочани и Општина Кочани, во Петок (22 Декември) со почеток во 11:00 часот во салата на „Советот на Општина кочани“, ќе има презентација за еден нов почеток на заедничката кампања „Бизнис заедницата и угостителскиот еснаф во директна борба против сиромаштијата, посебно гладот во Кочани и околината!“.

На присутните за прв пат ќе им биде претставен еден нов концепт кој повеќе од 32 години се реализира во Европа преку „Европската Федерација на Банки за Храна – ФЕБА“ каде „Банката за храна Македонија“ е со придружен статус.

Целта на кратката презентација е поврзана со согледувањето на социо-економска положба на граѓаните во Општина Кочани, дали нивните месечни примања им овозможуваат да се прехранат, но и каква е свеста и можностите на останатите граѓани, Институции, а најповеќе бизнис заедницата во Кочани и околината, колку се информирани за хуманитарните акции кои се преземаат и дали и кој превзема доволно мерки за борба против намалувањето на сиромаштијата и гладта во нивното опкружување.

Во духот на хуманоста, а во рамки на оваа презентација ќе се доделат и пакети со прехранбени производи на 20 семејства од Кочани како и 100 Новогодишни пакетчиња.

Донацијата е од Амбасадорката за борба против гладот Г-ѓа Драга Купенкова, една од 19-те Амбасадори за борба против гладот кои се дел од Дипломатскиот Кор против гладот на „Банката за храна Македонија“.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари