Трета година по ред ученици, првенци на генерацијата од училиштата во Крижевци (Хрватска) ќе зимуваат во Спортско рекреативниот центар „Пониква“ на Осоговските Планини.

Ова е дел од соработката која ја имаат воспоставено двете збратимени општини, Крижевци и Кочани.

За време на летниот период ученици, првенци на генерацијата од училиштата во Општина Кочани заминуваат на летување на островот Паг на сметка на општина Крижевци, а во зимскиот период според реципроцитетот учениците од Крижевци ќе зимуваат на „Пониква“.

Тендерската постапка што ја објави Локалната самоуправа – Кочани, за прибирање понуди на заинтересираните угостителски објекти на „Пониква“ кои можат да одговорат на потребите, заврши во Среда (20.12.2017 година).

Сместувањето ќе биде за 11 лица од кои 8 ученици и 3 возрасни а опфаќа 7 полни пансиони.

С. Ивановски

DSC_5036

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари