Во Вторник (26.12.2017 година) во Салон „Фоаје 1“ со почеток во 13:00 часот во Национална Установа ЦК „Бели мугри“ – Кочани ќе биде поставена изложбата „Симболи на Турција 1“ дела на Армаган Гукчеарслан од Турција.

Армаган Гукчеарслан е родена на 20.08.1977 година во Република Турција. Средно училиште завршува 1994 година, во 1999 година дипломира на Факултетот за ликовна уметност – графички оддел, а во 2007 година докторира на истиот универзитет.

Од 1999 година организира самостојни и групни изложби, како во матичната земја, така и надвор од неа.

Армаган Гукчеарслан е учесник и на голем број Меѓународни ликовни колонии.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари