Од продадените билети за хуманитарниот концерт на Методи Митев се собрани 242.000,00 денари.

Од три илјади билети, од кои илјада беа наменети за фирмите по цена од 200,00 денари, а останатите по 100 денари, се продадени 1.367 билети. Остатокот од средствата се уплатени како донации од фирми, здруженија и поединци на донаторската сметка на Митев.

Дополнително се очекува уплата на најавени средства уште од неколку фирми, меѓу кои и од рудникот „Саса“, а во вкупната сума не е пресметан и приливот од телефонските јавувања за време на хуманитарните активности за Митев.

Општина Кочани како организатор на концертот изразува голема благодарност до коорганизаторите „ИМД“ продукција и ресторанот „Пролет“, како и до сите поддржувачи на добротворниот концерт за Митев кои покажаа големо разбирање за помош на нашиот сограѓанин.

Општина Кочани ќе ја поддржи секоја хуманитарна активност со цел сите потребни средства да бидат обезбедени, а реализирањето на операцијата во Кина и подобрување на здравствената состојба на Митев да биде остварена.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари