Големите луѓе и овој пат со својата хуманост ја покажаа својата големина.

Невладината организација „Банката за храна Македонија“ со техничка помош на „Шампињони КИС“ – Кочани, „Еко-Пак Хит“ – Кочани и Општина Кочани денес во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани по повод Новогодишните и Божиќните празници доделија 20 пакети со храна и 100 Новогодишни пакетчиња за сиромашните семејства во Општината Кочани.

Како што истакна Душко Христов, претставник на „Банката за храна Македонија“ во нашата држава има околу 70.000 семејства од кои и 2.000 во Кочани кои не можат да си обезбедат храна за нормално живеење.

Со желба да им бидат барем на мал број од нив поведри претстојните празници Амбасадорката за борба против гладта Г-ѓа Драга Купенкова, Менаџер на Компанијата „Шампињони КИС“ – Кочани денес на дел од семејствата кои дојдоа во салата им ги врачи пакетите со храна и Новогодишните пакетчиња.

Биљана Митева, менаџер на Компанијата „Еко-Пак Хит“ истакна дека ова се дела на луѓето со големо срце, дека тие се спремни секогаш да им помогнат на оние на кои ваквите нешта им се и те како потребни, за да на крај вети дека ваквите и слични акции во Кочани и понатака ќе продолжат.

Инаку сите производи кои ги има во пакетите за храна се набавени преку компании од Општина Кочани, а производите во Новогодишните пакетчиња се од Компанијата „Винчини“ од Виница.

С. Ивановски

DSCN8550

 

DSCN8544

DSCN8548

DSCN8541

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари