Денес во Мотел „Слив“ во Виница, Федерацијата на Гимнастички Спортови на Република Македонија (ФГСРМ) ги прогласи најуспешните за годината во заминување.

На церемонијата на свеченото прогласување присуствуваа членовите на Управниот Одбор, на Техничкиот Комитет и тренерите, но за жал од непознати причини годинава оние кои се натпреваруваат не беа поканети.

Годинава беа доделени 7 признанија на членовите од КГС „Кочани“:

Јана Николова – најдобра во категоријата „Јуниорки“ – А лига;

Антони Јаношевиќ – најдобар во „Постари пионери“ – А лига;

Стојан Анастасов – најдобар во „Јуниори“ – А лига;

Димитриј Спасов – најдобар во „Млади јуниори“ – А лига;

Лука Цветков – најдобар “Постари пионери“ – Б лига;

Николче Колев – за придонес во развојот на ФГСРМ како селектор и најдобар тренер во машка гимнастика;

Благој Каров – за придонес во развојот на ФГСРМ и најдобар судија.

Посебно признание му беше доделено на Илија Николов за особен придонес во развојот на гимнастиката.

Зачудува сепак што на церемонијата на свеченото прогласување не присуствуваа гимнастичарите и гимнастичарките, оние кои го понесоа најголемиот товар во оваа натпреварувачка сезона.

Ова е за прв пат по назначувањето на Љупчо Арнаудов за Претседател на ФГС на Република Македонија на ваквиот чин да отсуствуваат оние кои се всушност непосредни учесници во гимнастиката.

С. Ивановски

63

64

65

61

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари