Во просториите на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, денес се одржа најавеното Годишно Собрание на ГФК „Осогово“. На Собранието присуствуваа дваесетина љубители на фудбалот од Кочани меѓу кои и некогашните Претседатели на „Осогово“ Арсо Божиновски и Благој Бекарски.

На Собранието беше предложен и усвоен новиот Управен Одбор на клубот, кој го сочинуваат 9 членови.

Во иднина функцијата Претседател ќе ја извршува Горан Милосов, за потпретседател е избран Оливер Досевски, а функцијата Генерален секретар му е доверена на Симеончо Стоиков. Кристијан Димитријев е назначен за заменик Генерален секретар, Горан Теодосиевски за спортски директор а Зоран Тодоров ќе биде Координатор на младинските категории. Функцијата Комесар за безбедност му е доверена на Витомир Алексов, помошник комесар за безбедност во иднина ќе биде Мартин Кировски а Горан Стојановски ќе ја извршува функцијата, правник во клубот.

За Шеф на стручниот штаб е назначен Крсте Крстев, негов помошник ќе биде Дејан Манчовски а со голманите ќе работи Александар Андов.

По изборот на нови членови на УО, новоименуваниот Претседател Горан Милосов ја презентираше програмата на клубот, начинот на финансирање и целите и задачите на ГФК „Осогово“ до крајот на ова првенство и во иднина.

Главна цел на новото раководство на клубот како што истакна Милосов е негово стабилизирање и враќање на старите патеки. Сепак како најглавни цели на новата управа на клубот ќе бидат:

-Реорганизација и консолидација на сениорскиот тим и младинските категории;

-Обезбедување финансии за функционирање на клубот;

-Кадровски промени во играчкиот состав на клубот (засилувања);

– Подмладување на екипата и опстанок во Втора лига;

-Средување и уредување на стадионот;

-Враќање на публиката;

-Продолжување на традицијата и враќање на имиџот на клубот

Беше истакнато и започнувањето на т.н. проект “Клуб 50“ во кој е предвидено со финансиски средства да учествуваат физички и правни лица. Веќе се водени разговори за ангажирање на Компанија за маркетинг а како што истакна водачот на НГ „Сејмени“ планирано е масовно враќање на „Сејмени“ на трибините.

С. Ивановски

DSCN8563

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари