Двата клуба во футсал од Кочани во Вторник (26.12.2017 година) ќе ги одмерат силите во 1/8 финалето од Македонскиот Куп.

Во салата на ОУ „Никола Карев“ со почеток во 17:30 часот се игра натпреварот    „Уни Паб“ – „Торпедо“ што е гаранција дека Кочани ќе има еден претставник и во 1/4 финалето.

Како увертира на градското дерби денес во Куканово во рамките на Втората Македонска Футсал Лига екипата на „Уни Паб“ го совлада домаќинот „Биџо“ со резултат 8:2 (3:1).

Победата во Куманово и градското дерби се убава можност во овие декемвриски студени денови на трибините во салата на ОУ „Никола Карев“ да дојдат што поголем број на гледачи и да уживаат во надмудрувањето на играчите од двете Кочански футсал екипи.

На влезот ќе се наплатуваат влезници кои се по цена од 50,00 денари а насобраните средства ќе имаат хуманитарен карактер.

С. Ивановски

26102718_1767414943277837_1804378260_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари