По повод новогодишните и божиќните празници, бизнис-секторот во соработка со Општина Кочани обезбеди пакетчиња за сите 720 деца во Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Новогодишните пакетчиња на децата им ги подели Дедо Мраз, радувајќи ги и пренесувајќи им го предновогодишното расположение.

Целта на оваа активност е да се поттикне општествената одговорност кај економските субјекти и да се зајакне нивната соработка со единицата на локалната самоуправа.

Во знак на благодарност за подароците и за вниманието кон најмладите, Детската градинка им испрати благодарници на стопанствениците.

DSC_0004

DSC_0006

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари