Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска го потпиша решението со кое Андреј Киров е именуван за вршител на должноста директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Неговиот мандат ќе трае до именување директор по распишан конкурс, не подолго од шест месеца.

На распишаниот јавен конкурс за избор на директор на Комуналното претпријатие „Водовод“ во ноември оваа година, не беше избран директор.

Тројцата кандидати не ги исполнуваа условите, по што градоначалникот Илијев постапи согласно Законот за јавни претпријатија и именува вршител на должноста директор.

Андреј Киров е вработен во КЈП „Водовод“ на работното место советник за план и анализа, а го наследува Љупчо Папазов кој непрекинато раководеше со кочанското комунално претпријатие од април 2009 г.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари