Денес во ЈОУ Библиотека„ Искра“ – Кочани се отвори изложбата содржана од творбите на децата учесници во проектот „Книгата патува во домот на секое дете“, кој се реализираше во соработка со ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Поставена е вкупно 141 творба, создадени од креативните и вешти раце на децата учесници кои своите импресии ги имаат добиено во текот на читањето на книгата која истата мотивирано ја носеа во своите домови, заеднички да другаруваат со неа во присуство на своите родители.

Ова е уште една програма со која беше поттикната љубовта кон книгата кај децата уште од најмлада возраст.

На отворањето на изложбата беа присутни децата од големата група од клон 4 при ЈОУДГ„Павлина Велјанова“-Кочани, кои ги раскажаа своите позитивни доживувања од заедничкото другарување со книгата, која „патуваше“ во домот на секое дете.

Координатор на програмата е Магдалена Кочовска – Салтирова

DSCN8600

DSCN8611

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари