Претставници од Компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани денес ги посетија дечињата од паралелката со посебни образовни потреби во ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани и во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници им подарија пакетчиња.

Во знак на благодарност дечињата за возврат на донаторите им подарија Новогодишна честитка.

Ова е шеста година по ред како Компанијата „Еко-Пак Хит“ ги посетува дечињата од оваа паралелка и им врачува пригодни подароци.

С. Ивановски

26174712_10212561535365803_676261465_n

26133996_10212561535485806_1951709099_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари