Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по 17-ти пат со поддршка на нивните верни спонзори организира новогодишен концерт со богата лотарија.

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, опстојува, работи и го негува изворниот фолклор во населба Оризари речиси 40 години.

Во составот на ансамблот членуваат над 150 членови поделени во играорни групи во Оризари, Прибачево и Зрновци.

Ансамблот одбележува уште една успешна година од постоењто со настапи во Република Македонија и во странство, и со надеж за уште поголеми успеси, резултати и достигнувања во новата 2018-та година.

Новогодишниот концерт ќе се одржи на 29-ти декември 2017 година (петок), со почеток од 18:30 часот во домот на културата во Оризари.

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари во новата 2018-та година ви посакува здравје, среќа и бериќет. Нека ни се среќни престојаните новогодишни и божиќни празници.

Со почит,

ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари

26036651_10214654755952827_391441593_o

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари