АНГЛИСКО ЕДУКАТИВЕН СКИ КАМП 2024

ноември 16, 2023
1 минути

Дружење и максимално уживање, скијање, прошетки и игри на снег, учење, изразување на креативност, тимска работа, социјализација, истражување, градење на самодоверба, авантури, насмевки и многу забава се дел од содржините кои ова зима Ви ги нуди Англиско едукативниот ски камп 2024 кој ќе се одржи на „Пониква“.

Одржувањето на кампот е во две смени: од 09.01 до 13.01  и од 14.01 до 19.01 2023 година.

Сместувањето е во мотел „Мице“, а шесте пансиони чинат 18.000 денари.

Во цената е вклучено: Професор по Англиски јазик, професор по одделенска и предучилишна настава, професионален патролен ски инструктор лиценциран од MAI55, 24 часа надзор од лекар и физиотерапефт, ски опрема и ски лифт.

Контакт: Теодора Китановска – 077-791-095  и  Ратка Ефремова – 070-354-898.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ