Компанијата „Амор“ од Кочани и годинава со својата хуманитарна донација им ги направи поубави и повесели Новогодишните и Божиќните празници на неколку семејства во општината.

Во соработка со Општинската организација на „Црвен крст“ од Кочани кои го направија изборот, подарија 5 пакети со гардероба на кои и те како им е потребна и новогодишни пакетчиња за најмладите, а преку Центарот за социјални работи – Кочани на едно семејство исто така му подарија пакет на гардероба од нивното производство.

Од името на Општинската организација на „Црвен крст“ – Кочани донацијата ја примија Иле Матеничарски и Благој Соколов и двајцата волонтери во организацијата а од името на Центарот за социјални работи – Кочани членот на УО Благој Јованов.

Како што истакна Соња Јовиќ Матеничарска компанијата не застанува тука, туку секогаш кога ќе има потреба ќе донира вакви и слични донации се со цел да им се помогне на оние на кои им се неопходни.

С. Ивановски

 

DSCN8642

DSCN8645

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари