Новиот сообраќаен режим кој од денес е воспоставен на улиците „Тодосија Паунов“ и „Кеј на Револуцијата“ кој по десет месеци како еднонасочен повторно се врати на тоа,  возилата да се движат во двете насоки  наиде на задоволство на непосредните учесници во сообраќајот.

Возачите во такси компаниите како и другите возачи истакнуваат дека сега протокот на возила е многу побрз и дека нема поголеми застои на фреквентните крстосници што до вчера се создаваа.

„Добро направија во Локалната самоуправа  што сообраќајот го вратија како пред една година. Нема поголеми застои, возилата се движат во двете насоки и многу побргу се стигнува на потребните дестинации. Ако до вчера се чекаже по десет па и повеќе минути кај крстосниците „Чеплен“ и „Два другара“ сега такво нешто е реткост да се виде. Посебно е за поздравување моментот кога ова е направено, за време на Новогодишните и Божиќните празници кога во градот е забележано зголемување на бројот на возилата и кога многу наши сограѓани кои работат во други држави дојдоа овде да си ги поминат празниците“ беа реагирањата уште од утринава.

За да не дојде до недоразбирања кај оние учесници во сообраќајот кои не се запознаени со новината, денес на повеќе места од улицата беа распоредени вработени од Полициска станица – Кочани кои помагаа првиот ден да помине во најдобар ред.

Инаку двонасочниот сообраќај е воспоставен од „Кружниот тек“ до мостот кај „Шопинг центарот“.

Ако е за почеток, добро е.

С. Ивановски

DSCN8691

DSCN8694

DSCN8699

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари