Годинешниот Новогодишен концерт насловен како „Волшебна ноќ“ беше збогатен со присуството на Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Изведбата на хорот и оркестарот при ОМУ „Ристо Јуруков“ ги воодушевија присутните во салата а посебно гостите од Владата на Република Македонија.
Воодушевена од она што го виде во Кочани, Министерката Мила Царовска на својот ФБ профил напиша „Уживав во новогодишниот концерт на Општина Кочани! Совршени деца со љубов кон музиката и одлична изведба, енергични и посветени наставници со Градоначалник кој ја знае вредноста од вложување во најмладите. Бравоо за сите вклучени!“.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.