Почитувани граѓани,

Новата година е момент на оптимизам, на нова енергија и на нова сила.

Во пресрет на новите 365 дена, посакувам со работа, дијалог и толеранција, да му обезбедиме подобра иднина на Кочани. Новата година нека ни биде поттик да се трудиме да создадеме развиена, отворена, мултикултурна општина. Со трпение и човечност да се обединиме околу заедничкиот интерес – интересот на граѓаните.

Убавите работи што ни се случиле да бидат основа на која ќе се надградуваат други добри нешта, а од непријатните да учиме да не се повторат.

Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со добри мисли, душевен мир и семејно спокојство.

Во мое лично име и во името на општинската администрација, Ви ја честитам Новата 2018 година и Ви посакувам изобилство од здравје, успех и среќа во неа.

Среќни празници!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари