Почитуван Ратко Димитровски,

Како поранешен градоначалник во два мандата, префрлувањето на вината на другите во предновогодишна прес-конференција го сметаме за непристојно оправдување за Вашето работење.

Звучи нелогично во ист текст да зборувате за хајка против раководните структури  во Општината, а истовремено и за нивна неспособност, некреативност и немање проекти.

Всушност зборувате за раководители што Вие ги поставивте, за администрација што ја наследивме од Вас.

Дали новите поставени правила за работа и почитувањето на законите некому не му одговараат? Дали отворено ја наметнувате потребата од нивна смена?!

Ние верувавме во Вашиот тим, на секого подеднакво давајќи му можност да придонесе во градењето администрација која ќе се темели на професионализам и знаење, на тимска работа, која пред сè ќе има континуитет и ќе биде без партиски обележја.

Факт е дека во Вашето работење оставивте многу долгови, кредити и позајмици  кои секојдневно ги сервисираме.

Ние имаме доверба во професионалноста на институциите и сакаме мирољубиво и човечки да ги решиме сите прашања што се од јавен интерес.

Сакаме да ѝ порачаме на јавноста дека отворено се бориме против корупцијата и лукративните намери во работењето на Општината и дека интересот на граѓаните ни е пред сè.

Кабинет на градоначалникот на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари