Почитувани граѓани,

Непријатно е токму пред новогодишните празници да се зборува за политички теми, а уште поневкусно е кога тие се поврзани со криминал, корупција, нетранспарентност и нечесност. Сепак, некому изгледа не му е важно убавото расположение на граѓаните, па сака да зборува за нешто што веќе е завршена приказна.

Поранешниот  градоначалник на  Кочани, Ратко Димитровски, се обидува во стил на ранет “лав“ да ја измие вината од своето лице, иако јавноста не само во општината, туку и пошироко знае како работеше тој во изминатите скоро 9 години.

Сомневањата за неговите криминални однесувања ја потврди и полициската истрага, во која беше откриено дека ја оштетил касата на Општината, односно незаконски потрошил 50 илјади евра на граѓаните, за само нему познати потреби. Поради тоа си доби и кривична пријава, па сега, на два дена пред Нова Година, инфантилно се правда дека некој му прави хајка и политички реваншизам.

Ниту му се виновни граѓаните, ниту членовите на СДСМ, туку виновен е самиот, затоа што кога го предупредувавме дека може да одговара за начинот на кој ја раководи Локалната самоуправа, тој се однесуваше како да е глув. Па, си дозволи во Општината да ја вработи својата снаа, но и ќерки и синови на свои соработници и партиски другари, а од општинската каса делеше на наместени тендери само на нему блиски фирми и “деловни“ соработници.

Доцна е, господнине Димитровски, да ги обвинувате другите за вашите грешки и да смислувате оправдувања пред јавноста. Подобро е времето да го искористите за да се подготвите тоа да го објасните пред институциите кои тоа ги интересира.

Среќна Нова Година на сите граѓани на општина Кочани со надеж за

добро здравје и личен успех.

Кочани, 29.12.2017 година

ОО на СДСМ Кочани

Претседател

м-р Сашко Костов

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари