Иако во Кочани уште нема ниту едно возило на електричен погон, пред зградата на Локалната самоуправа е поставен полнач за електромобили.

Поголемиот број на минувачи застануваа деновиве, го гледаа поставениот полнач и се прашуваа што е тоа, а кога добиваа одговори малку се чудеа.

Како што не информираа полначот е поставен за да ако некој странец што поседува електромобил го посети градот или регионот да има каде да го наполни.

Инаку ова е прв ваков полнач за електромобили во Источниот регион.

С. Ивановски

DSC_0001

DSC_0004

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари