Во својата „база“, во кафеаната „Плава ружа“ денес по десетти пат на овој ден се собраа членови и симпатизери на Здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани  за да го прослават својот роденден.

Јубилејната прослава започна традиционално, со интонирање на химната „Хеј Словени“ а потоа додека траеше средбата се слушаа песни посветени на Маршалот „Јосип Броз Тито“ и на Југославија.

Радува податокот дека за овие изминати десет години бројот на членови на Здружението постојано се зголемува но радува и податокот дека се поголем е број на млади луѓе кои се зачленуваат.

Од Здружението стакнуваат дека се задоволни од сите досега реализирани активности но и додаваат дека во истиот стил ќе продолжат и во наредните години.

С. Ивановски

52

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари