Во првиот работен ден во новата година на „жекото“ столче во АД „Водостопанство“ – Подружница „Брегалница“ – Кочани седна новоименуваниот директор Дени Митров, кој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Добре Нисев.

Уште од првиот работен ден Митров се зафати за работа, започна чистењето на земјените канали со една од двете нови машини бидејќи како што истакна време за губење нема а добрите временски услови овозможуваат некои работи да се започнат малку и порано од предвиденото.

Митров појасни дека е свесен дека го чека голема работа бидејќи на прагот е правењето на деталниот план за наводнување а и тоа дека состојбата со водата во езерото Калиманци како и Гратче треба постојано да се следи за да се има појасна слика за тоа колкави површини ќе треба да се наводнуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари