Општина Кочани, по пат на електронско јавно наддавање, продаде вкупно четири градежни парцели од 28. објава за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Од нив, една градежна парцела е со намена за индивидуално домување, со површина од 420 м 2 , на улицата „13 Македонска бригада“; две градежни парцели се за лесна индустрија и мало стопанство, со површини од 1557 м 2 , односно 1587 м 2 во месноста Драчевик и една градежна парцела, со површина од 950 м 2 на локалитетот Пониква.

По оваа продажба се очекува на сметката на Општината да стигнат околу 256 илјади денари што е 80 % од вкупната уплата на најповолните понудувачи на електронското јавно наддавање. Останатиот дел од средствата оди во Буџетот на Република Македонија.

На 28. објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, што ја распиша Општина Кочани на 15 ноември минатата година, беа понудени вкупно осум градежни парцели, од кои три за индивидуално домување, три за лесна индустрија и мало стопанство и две за изградба на викендички.

Наскоро Општина Кочани ќе ја распише и 29. објава за отуѓување градежно земјиште.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари