Не поминаа ниту три месеци од промената на власта на локално ниво, се отвори „пандорината кутија“ и масовно почнаа да излегуваат сите непотребни трошења на сметка на граѓаните на Општина Кочани.

Според досега осознаените трошења излегува дека без знаење на граѓаните нивните пари се трошеле за сè и сешто.

Последното нешто што ѝ беше обелоденото на јавноста е купениот Полнач за електомобили и екоскутерот чија вкупна заедничка сума изнесува 548.228,00 денари.

Неколку дена пред изборите биле нарачани а подоцна морало да се плата 24-те лап топа за кои биле потрошени околу 1.200.000,00 денари народни пари.

Во месец Јули во рубриката јавни набавки на општина Кочани беше објавен оглас за набавка на прехранбени продукти и пијалаци за потребите на општината во висина од 454.574,00 денари без пресметан ДДВ.

Еден месец порано беа набавени 1.040 мобилни телефони за вработените во образованието, противпожарната, градинките, библиотеката, КЈП „Водовод“, општинската администрација и верувале или не за потребите на Општина Чешиново-Облешево, за кои во периодот од наредните две години жителите на Општина Кочани ќе ги чинат неверојатни 4.500,000,00 денари без пресметан ДДВ.

Само овие податоци покажуваа дека со парите на жителите на Општина Кочани се однесувало недомаќински.

Во следниот период треба да биде презентирано на јавноста и финансирањето на медиумите во Општината и во Републиката, потрошените средства за обновената вештачка трева на заградениот терен за мал фудбал, трошењето на народни пари за бесплатниот весник на Општина Кочани „ИНФО“ и ред други недомаќински трошења по кои ќе се има и појасна слика од каде дошло големото презадолжување на општината.

Што е многу, многу е.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари