Со цел радоста за претстојниот христијански празник Божик да ја почувствуваат што повеќе семејства, бизнис-секторот од Кочани подготви, а општинските служби поделија триесетина божикни пакети на ранливи групи од Кочани и од руралните средини.

Пакети со прехранбени, кондиторски и хигиенски производи добија семејства во градот, како и во селата Тркање, Бели, Нивичани, Оризари и Прибачево.

Иницијативата произлезе од дел од стопанствениците во нашиот град, кои ќе настојуваат оваа благородна активност да земе поголеми размери и да стане традиција.

На овој начин, со подадена рака на сиромашните се поттикнува градењето благородни и човечки чувства кон секој граѓанин и разубавување на празниците на оние на кои тоа им е најпотребно.

DSC_0005

DSC_0024

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари