Почитувани,

Од мое лично име и од името на општинската администрација на сите православни христијани им го честитам големиот празник Раѓањето Христово-Божик, и им посакам добро здравје, радост и среќа.

На Божик ја славиме желбата – љубовта, мирот и милосрдието да бидат нашите водилки за да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Овој празник нè потсетува дека треба да ги негуваме семејните и традиционалните вредности, да шириме добрина и заеднички да помагаме за подобра иднина и поубав живот за сите.

Посакувам во сечие секојдневие да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето. Да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит, да градиме пријателство и да ги унапредиме нашите заеднички вредности.

За многу години!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари