По одработени два мандати и плус една година Љупчо Папазаов си поднесе оставка на функцијата Претседател на ОФС – Кочани која во изминатиот период успешно ја извршуваше.

Коректен како и секогаш информацијата ја добивме лично од него иако тоа е должност на другите структури кои затоа се поставени и платени во Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани.

Од Папазов дознавме дека за 27.01.2018 година е закажано Вонредно изборно Собрание на ОФС – Кочани, на кое ќе треба да се избира нов Претседател.

И оваа информација не беше обелоденета од службите најверојатно од причина некој друг што е член на Собранието да не поднесе кандидатура и така да им ги замрси сметките на дел од оние кои во изминатите девет години „успешно пливаа“ во фудбалските води.

Зошто со овој потег на Љупчо Папазов не е запознаена пошироката фудбалска јавност во градот и не се информирани сите медиуми допрва ќе се испитува, но факт е дека некој од некого се плаши да не му се одеднаш „скрши“ инаку удобното фудбалско столче.

С. Ивановски

DSCN0885

DSCN1711

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари