На мистериозен начин исчезнал еден од 24-те лаптопи како дел од новата компјутерска техника што ја нарачал претходниот градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски.

Лаптопот кој не бил ставен во функција е украден од една од канцелариите во кои се чувала купената опрема и според претпоставките истиот е украден само што бил распакуван.

По утврдувањето на бројната состојба и утврдувањето дека еден лаптоп недостасува случајот е пријавен во полицијата. Од надворешната канцеларија за криминални работи во Кочани потврдиле дека до нив е стигната пријава за украден лаптоп и истите веќе ја започнале истражната постапка а за сето тоа информиран бил и јавниот обвинител.

Според неофицијални извори сличен настан се случил и кога поранешниот градоначалник Ратко Димитровски стапил на функција, и тогаш од канцеларија исчезнал еден од новонабавените лаптоп компјутери но тогаш за сето тоа се молчело.

По се изгледа некој или некои добро ја разработиле шемата за крадење нови лаптоп компјутери.

За подетални информации кога се надеваме дека ќе биде расветлен целиот случај.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари