Такси компаниите со апел до надлежните институции да се справат со нивната нелојална конкуренција, односно со такси превозниците кои како што истакнуваат ништо не плаќаат на државата а на „црно“ го извршуваат такси превозот со што директно им бркаат во џебовите.

Како што истакнуваат низ улиците во Кочани секојдневно можат да се најдат таксисти кои превезуваат патници а за тоа ништо не и плаќаат на државата. Особено дивите таксисти се најприсутни во четврток кога во Кочани е пазарен ден и кога со нивните нерегистрирани возила ги собираат патниците од пред паркинзите за такси возилата и за поевтина цена ги носат до бараната дестинација.

Исто така дел од нив напомнуваат дека со поголемиот број на нерегистрирани возила (возат без таблици) управуваат лица кои немаат положено возачки испит па доколку тие им се спротивстават честопати со вулгарни зборови биле навредувани.

Доколку нивните тврдења се целосно точни во што не треба да се сомневаме, надлежните ќе мора малку повеќе да посветат внимание на овие такси превозници кои го собираат „кајмакот“ од оние кои спрема државата ги имаат регулирано сите свои обврски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари