СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ШТИП

ноември 25, 2023
1 минути

Како што сме информирани синиќа некаде околу 19:00 часот на Експресниот пат Кочани – Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила.

Сообраќајката е во близина на исклучокот кон село Спанчево а според очевидци на едно од возилата му била оштетена предницата додека другото било доста оштетено на бочниот дел.

Патот бил привремено затворен а возилата кои се движеле во двете насоки од страна на полицијата биле враќани назад за да ги користат другите патишта.

За среќа се поминало со материјална штета.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ