ОДЛОЖЕНИ ДВА НАТПРЕВАРА ОД ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
ноември 25, 2023
1 минути

Натпреварите „Скопје“ – „Осогово“ и „Беса“ – „Тетекс“ кои беа на програмата од 13-тото коло во Втора Фудбалска Лига се одложени, а причината  се лошите терени предизвикани од врнежите од дожд.

Теренот во Автокоманда кој неколку децении е меѓу најлошите особено по вакви временски услови беше со повеќето мали езерца па делегатот и главниот судија заедно со капитените на екипите констатираа дека нема услови за одигрување на натпреварот.

Кога ќе се одигра натпреварот тоа го знаат само „спортските работници“ во ФФМ.

Неофицијално дознаваме дека доколку има услови за игра натпреварот во Автокоманда ќе се игра во Понеделник.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ