Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Крсте Крстев прозивката за пролетниот дел од првенството во Втората Лига – Исток ја закажа за 20-ти Јануари.

И додека играчите уште се на одмор Крстев и управата на клубот не седат со скрстени раце.

Додека едниот бара противници за подготвителните натпревари, другите преговараат со играчи кои треба да го засилат погонот на „жетварите“ за избегнување од зоната за испаѓање.

Како што не информираше Шефот на стручниот штаб Крстев, досега се договорени три средби: „Тиквеш“, „Македонија – Горче Петров“ и „Кит Го“ а во план се уште најмалку 3-4.

Од играчите кои настапуваа есеноска единствено голманот Игорчо Данев побарал да биде ослободен од обврските и да не се смета повеќе на неговите услуги, додека никој од другите играчи се нема изјаснето.

Но подготовките се на прагот па за очекување повеќе информации да добиеме за мошне краток период.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари