Новоименуваниот директор на АД „Водостопанство“ – Подружница „Брегалница“ – Кочани Дени Митров на првиот повик на земјоделците излезе на терен за да им помогне.

Имено деновиве со излевањето на „Грдечка Река“ во атарот на Општина Виница беа поплавени неколку земјоделски површини а Митров го прифати повикот на земјоделците од тој крај и излезе на терен за да се увери во она што му беше кажано.

„Уште кога стапив на новата функција кажав дека секогаш ќе им бидеме на располагање на земјоделците. Деновиве бевме информирани дека со излевањето на „Грдечка Река“ повеќе земјоделски површини се поплавени. Излеговме на терен за да видиме во што е проблемот. Им ветив на земјоделците дека нивниот проблем многу бргу ќе го решиме со помош на механизацијата со која располага нашето претпријатие и во иднина нема да дозволиме да се соочат со вакви и слични проблеми од кои ќе имаат штети“ ни рече Митров во телефонскиот разговор.

Со ваквиот потег Митров само потврди дека ќе го продолжи континуитетот на излегување на терен како и неговите претходници и ќе работи исклучиво во корист на земјоделците.

С. Ивановски

72

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари