Како што не информираше директорот на АД „Водостопанство“ – Подружница „Брегалница“ – Кочани Дени Митров од денес е започнато склучувањето на договорите за наводнувањето за сезоната 2018 година.

Сите заинтересирани земјоделци што имаат потреба да ги наводнуваат своите земјоделски површини се повикуваат да дојдат во подружницата и да ги склучат договорите како не би имале проблем кога ќе се пушти водата за оваа сезона.

Склучувањето на договорите ќе трае до 01 Март а договорите ќе можат да се потпишуваат во подружницата секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари