Новоименуваниот в.д. директор на КЈП „Водовод“ Андреј Киров од самото назначување се зафати за некои промени во претпријатието се со цел да се подобри хигиената во градот.

Па така КЈП „Водовод“ – Кочани ја засили организацијата околу собирањето на смет во централното градско подрачје а и пошироко.

Воведена е меѓу смена секој ден во периодот од 13:00 до 16:00 часот каде редовно се собира сметот од контејнерите со капацитет од 1,1м³ во близината на маркетите и од двете страни на „Кочанска Река“, поточно од Плоштадот до автобуската станица и од другата страна до Стришани,  односно до крстосницата од каде започнува излезот од градот.

Реагирањата на дел од населението дека за време на празниците  не се собирал сметот вон централното градско подрачје донекаде и не се оправдани бидејќи иако општината има поставено табли да не се фрла смет, населението тоа не го почитува па се собираа купишта кои на повик на населението вработените од КЈП „Водовод“ веднаш доаѓаат и истиот го собираат.

Како што сме известени, претпријатието возниот парк е тој, па и да сакаат не се во состојба истовремено да одговорат на сите повици на населението од периферниот дел кое наместо сметот да го собира во своите канти за отпадоци тие го ставаат онаму каде што не треба па затоа и сликите на купишта од смет на периферијата се зачестени.

Од КЈП „Водовод“ апелираат населението строго да ги почитува одредбите за фрлање на смет, односно онаму каде што има контејнери таму да го остава а онаму каде има недостаток на истите, да го собираат во своите канти за отпадоци за да можат нивните екипи кога ќе поминат веднаш да го соберат.

С. Ивановски

P1280473

P1380825

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари