Во Четврток (30.11.2023 година) Младинската организација при СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани организира „Хуманитарен кошаркарски натпревар“.
Натпреварот ќе се одржи во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ со почеток во 20:00 часот.
Забавата на овој натпревар ќе ви биде загарантирана, проследена со многу активности и изведби, кои го прават овој настан посебен на свој начин.
Цената на влезницата е 50 денари а истите ќе бидат во продажба од Понеделник.
Средствата од овој натпревар ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ