Големиот спортски настан, Европското првенство во ракомет „Загреб 2018“ не можеше а да не помине без учество на верните навивачи од Кочани.

И овој пат Тоше, Гоше, Илија, Бранко и Зоран се дел од декорот на трибините. Не се штедат за време на целиот натпревар, ги бодрат нашите ракометари а тие веќе на првиот натпревар против Словенија знаеја како да им се оддолжат, Македонија ги совлада момчињата од некогаш најсеверната република на Југославија.

Се надеваат дека групата ќе ја поминеме а со тоа тие ќе си го продолжат престојот во Хрватска.

Ајде момци, навивајте за сите нас, навивајте за Кочани бидејќи изминатите години вие сте едни од неговите најголеми амбасадори.

С. Ивановски

52.

53

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари