Денес и официјално ЖФК „Кочани“ ги започна подготовките за пролетниот дел од првенството во Првата Фудбалска Лига за жени. Според она што го дознаваме се додека временските прилики не се подобрат девојчињата предводени од тренерот Оливер Јовановски за тренинзи ќе ја користат салата на ОУ „Никола Карев“.

„Подготовките како и секоја година и овој пат ќе ги спроведеме во три фази. Најпрвин ќе се работи на физичката подготвеност, потоа следува физичка подготовка и работа со топка а доколку временските прилики тоа ни го дозволат планираме за крај да одиграме и две до три подготвителни средби, секако доколку најдеме екипи заинтересирани. Останува речиси истиот состав од есенската сезона. Единствено ќе ни недостасува Нина Николова која како што не информираше со својот сопруг добиле работна виза за во Швајцарија каде планираат да заминат деновиве“  беше првата информација која ја добивме од Оливер Јовановски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари