НВО „КХАМ“ од Делчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ објавува повик за поддршка за спроведување на локални акции во општините Делчево, М. Каменица, Виница, Кочани, Берово и Пехчево.

Вкупно 15 акции ќе бидат поддржани во сите шест општини, од кои 12 за граѓанско вклучување и 3 за застапување.

Генералните теми на предложените акции треба да бидат насочени кон акции кои се фокусираат на решавање проблеми на поголем број граѓани и групи и се фокусираат во рамките на заедничкото живеење во општината, а можат да вклучуваат активности поврзани со подобрување на животната средина, креативност и проактивност, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, едукативни и хуманитарни кампањи и други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно учество во спроведувањето ќе можат да донесат промени во животот на нивните сограѓани.

Акциите за граѓанско вклучување и застапување треба да бидат насочени кон активно креирање промени на локално ниво за прашања кои се од интерес на граѓаните.

Ги охрабруваме сите граѓани, граѓански организации, институции , формални и неформални групи од Источно Брегалничкиот регион да предложат оддржливи идеи со кои граѓаните активно ќе се приклучат во решавање на проблемите и ќе ја подобрат состојбата во локалната заедница.

Повикот е отворен од 15 Јануари 2018 и континуирано ќе се прифаќаат предлози заклучно до 30 Април 2018.

Предложените иницијативи ќе се реализираат до крајот на месец Мај 2018.

Максималниот износ за секоја поединечна акција која ќе се спроведува со директно учество на граѓаните ќе биде во износ не поголем од 75.000 денари и ќе се фокусира на обезбедување на соодветни материјали потребни за спроведување на акцијата.

Сите заинтересирани ги повикуваме да ги достават нивните предлози на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf jG2kaqgPXbKaQ6jB0wq4SfkBlRXx96A4KDXiRaRU7jL_aw/viewform или да се обратат во канцеларијата на НВО „КХАМ “ од Делчево од 08:30-16:30ч.

За дополнителни консултации ве молиме побарајте ја Ромина Кајтазова,  мобилен   071-215- 356

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари