Очигледно е дека Европското Првенство  во ракомет што во моментот се одржува во Хрватска а посебно учеството на Македонската ракометна репрезентација беше магнет за голем број навивачи од Македонија да заминат и да ги бодрат нашите репрезентативци.

По објавената сторија за петте постојано присутни наши сограѓани на сите поголеми ракометни собири денес добивме неколку фотографии и од друга група наши сограѓани кои не го штедат својот глас и даваат голем придонес во сето она што го остварија нашите репрезентативци во првите две кола.

Се работи за Иван Андов, Благој Стојановски и Сашо Ангелов кои не само што се со нашите репрезентативци заедно на натпреварите, туку со нив се и надвор од салата.

Впрочем дел од приложените фотографии тоа го покажуваат.

С.Ивановски

52

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари