На 15 Октомври по осум години владеење на Ратко Димитровски, Општина Кочани доби нов градоначалник. Надпартискиот кандидат на СДСМ Николчо Илијев иако го растури Димитровски победувајќи го со 3.727 гласови разлика, иако крајно коректно се однесува со целата онаа свита што ја затече во удобните општински столчиња, иако уште никој нема сменето од некое работно место, тоа за дел од оние што преку партијата се вработуваа изминатите осум години како да не доволно. Едноставно, се однесуваат како да е уште градоначалник Димитриовски и дека никој ништо не им може.

Деновиве во разговор со поединци блиски на Градоначалникот Николчо Илијев дознаваме дека неговото трпение е при крај.

Арогантното однесување на дел од вработените во општинската зграда  е за осуда. Не сакат да ги отстапат канцелариите кои по нивното влегување во зградата во сега далечната 2009 година ги запоседнаа, не сакаат да го информираат за сите направени незаконски дубиози, не сакат да го информираат за тоа со каков имот низ градот располага општината, туку мора постојано самиот да се труди да ги изнаоѓа сите оние скриени нешта и тоа прикриени од луѓето кои редовно земаат плата од нас граѓаните.

Но се има крај, па и ова се надеваме дека бргу ќе заврши. Законот е јасен кој не сака да работи се знае, една опомена, втора опомена и на крајот дома, па нека поднесува не една туку сто жалби ако сака.

За само три месеци беа „ископани“ низа неправилности во растурањето на парите на граѓаните: од купување прескапи лаптопи, преку набавка на 1.040 (илјада и четириесет) мобилни телефони (од кои 32 и за друга општина) кои ние граѓаните следните две години ќе им ги плаќаме, набавка на еко-скутер без хомологација и со висока цена (деновиве фактурата е повлечена), користење на службените возила за приватни потреби, злоупотреба со просториите во сопственост на општината кои се лоцирани во други објекти, и ред други недомаќински работења кои се надеваме дека пополека ќе почна да испливуваат на површината.

Иако не сакаме лично да веруваме дека ќе се случуваат некои радикални промени во Локалната самоуправа, арогантниот однос кон Илијев од одредени поединци треба да заврши. Или ќе работат и ќе земаат плата која ние граѓаните на општината им ја обезбедуваме или ќе си седат дома или пак ќе се вратат во веќе нивните отворени фирми кои моментно други ги раководат.

Време за чекање ниту има, ниту треба да има. Целото време на едно културно однесување заврши, време е нешто да се преземе за да општината почне да излегува од мракот во кој се најде последните неколку години.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари