Во рамките на подготовките за аплицирање по вториот повик од ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р Бугарија и Р Македонија, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев оствари средба со градоначалникот на Општина Гоце Делчев, Владимир Москов и заменик – градоначалникот Валери Сарандев.

Во присуство на служби од Центарот за развој на Источниот плански регион беше разговарано за проекти со кои може заеднички да се настапи и да се обезбедат европски средства за реализација на значајни цели од јавен интерес, како и да се црпат искуства од досегашни успешни реализирани партнерства.

„Општина Кочани е подготвена со техничка документација да аплицира за реконструкција на Мултикултурниот центар, проект што предвидува замена на кровната конструкција, енергетски ефикасна фасада, опремување на просторот и греење. Европските пари ќе бидат добредојдени и за замена на кровот и термофасада во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, за што исто така имаме готов проект. Доколку се обезбеди соодветно партнерство може да конкурираме и со проект за уредување на простор за кампирање во месноста Бавчалук, како и за зачувување на старите занаети со ревитализација на неколку воденици по текот на Кочанска Река“ соопшти по средбата градоначалникот на Кочани.

Како што најави Илијев, во наредниот период, според критериумите што ги пропишува Програмата за прекугранична соработка, службите од Општината во соработка со Центарот за развој на ИПР ќе работат на разгледување на најсоодветните можности и на подготовка на апликациите за проекти.

DSC_0013

DSC_0014

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари