Драганчо Димитровски – Џајка и неговата сопруга победнички се враќаат дома по престојот во Загреб.

Тие како и поголем број на наши сограѓани изминатата седмица беа дел од навивачката група која во „Арената“ во Загреб не се штедеше и навиваше за нашата ракометна репрезентација.

По одличниот триумф и заслужено освоеното прво место во групата, нашите ракометари со 3 бода на своето конто ќе патуваат во Вараждин а семејството Димитровски полни со емоции се враќаат дома.

Но кој знае, можеби Џајката и овој пат нешто ќе смисли и повторно ќе биде дел од навивачкиот караван и во втората фаза.

Да почекаме и да видиме.

С. Ивановски

52

53

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари